КОВИД 19 го парализираше животот во Европа

Корона вирусот продолжува да коси низ европските земји. Животот во славните метрополи стои, а за првпат по втората светска војна нивните улици се празни. Земјите почнаа да ги затвораат границите.

Дел од болниците во Рим френетично брзаат да направат нови одделенија, каде речиси 300 здравствени работници ќе се борат со корона вирусот, кој инфицираше речиси 18 илјади луѓе. Италијаните седат заклучени дома, но духот не дозволуваат да замре. Солидарно, излезени на терасите се бодрат да издржат

На Италија опасно и се ближи Шпанија, која денеска пријави нови 1500-тини заболени, со што бројката на заразени достигна речиси 6.000. Меѓу заболените е и поранешниот министер за надворешни Хавиер Солана. Данска ги затвори границите, вонредна ситуација прогласи Бугарија, а Грција утринава јави за втората жртва од корона вирусот. Сите европски држави ќе добијат финансика инекција од 37 милијарди евра за борба со болеста, која ја предизвика најдраматичната криза. Планот го соопшти претседателот Давид Сасоли, кој и самиот е во домашна изолација по неговото враќање од Италија.

  • Сите европски држави ќе добијат поддршка за нивниот здравствен систем. Ова значи снабдување со материјали, поддршка за болниците и финансиски истражувања за развој на вакцина колку што е можно побрзо. Приоритет се спасување на животите на луѓето. Другата заложба е да ги заштити работните места, деловните активности и економијата. Да се направи ова, не треба штедење. Земјите имаат овластување да трошат сè што е потребно за да гарантираат поддршка за вработените, самовработените работници, деловните активности и банките, изјави претседателот на ЕП, Сасоли. 

 

Мерките кои ги преземаат земјите стануваат се поригорозни. Британската Влада ќе воведе вонредни закони следната недела со кои ќе се забрани масовно собирање луѓе. Словенија планира да воведе полициски час, а Србија со 41 заболен, на помош ги повикува и докторите кои се во пензија.

Од денеска во Америка ќе може да се стигне само преку Велика Британија и Ирска. Забрана за влез на патници во САД има за 26 европски земји, кои според американскиот претседател се ризично подрачје од каде може да се шири вирусот преку Океанот. Трамп вчера прогласи вонредна состојба во земјата, со што на располагање му се 50 милијарди долари од буџетот за борбата со вирусот. Во Кина, првичното жариште, бројот на заразени се повеќе се намалува, но сега Европа е новиот епицентар.

Извор Телма

Leave a Reply

Your email address will not be published.