Нови заразени фудбалери од Серија А, вкупно 10 лица

Екипата на Фиорентина потврди дека играчите на тимот Патрик Кутроне и Херман Пецела, како и тимскиот физиотерапевт Стефано Даинели, биле заразени со коронавирус. Така, бројот на луѓе од штабот на „виолетовите“ со КОВИД-19 е четири.

Играчи од Серија „А“, кои се заразени со вирус, се повеќе се инфицираат. Вчера беше откриено дека петмина играчи на Сампдорија биле тестирани позитивни за коронавирус – Омар Коли, Албин Екдал, Антонио Ла Гумина, Маноло Габиадини и Мортен Тобси.

И шампионите Јувентус имаат заразен фудбалер – се работи за дефанзивецот на „старата дама“ Даниеле Ругани.

Италијанското првенство е привремено прекинато до 3 април, но периодот без фудбал може да продолжи подолго, во зависност од нормализацијата на пандемијата на коронавирусот.

Извор: Република

Leave a Reply

Your email address will not be published.