ГЕРМАНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА ОБЈАСНИ СЕ: ЕВЕ ЗОШТО И ОСНОВНИТЕ МЕРКИ НА ЗАШТИТА ПРАВАТ ЧУДА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ (ВИДЕО)

„Повеќе не станува збор за да ги спречиме луѓето да стапат во контакт со вирусот, ова е пандемија и не може да се спречи“, соопшти германската телевизиска станица.

„Експертите проценуваат дека најмалку 2/3 од луѓето во Германија ќе дојдат во контакт со вирусот и ќе се разболат. 80 проценти лесно ќе се справат со вирусот, но на останатите ќе им треба лекарска помош и околу 6 проценти ќе завршат на интензивна нега. Во Германија тоа се милион жители“.

„Ако дозволил вирусот да се шири експоненцијално, тој би го заразил целиот медицински персонал. Се работи на тоа периодот на зараза да се развлече на што подолг период. Истиот број на луѓе ќе продолжи да се разболува, но за подолг период. Ситуацијата ќе се смири и сите ќе може да добијат помош. Затоа, важно е инфекцијата да се шири што помалку на почетокот и затоа се важни мерките како што се миење на рацете, држење растојание и забрана за собирање. Пред се за најслабите меѓу нас“.

lokalno.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.