„Имаме два лекови, треба само да видиме кој е ефикасен“: Инфектолози тврдат дека го победиле коронавирусот

Лекови кои се користат во лекувањето на ХИВ вирусот и маларија би можеле да го сопрат коронавирусот, веруваат австралиски научници.

Група на инфектолози од Универзитетот Квинсленд од Бризбејн тврдат дека два лекови кои што постојат веќе ја победиле инфекцијата на Covid-19.

Хлорокин, лек против маларија и комбинација лопинавир/ритонавир со кои се третираат пациентите заразени од ХИВ вирусот, покажале ветувачки резултати и со нивната употреба, како што тврдат австралиските научници, коронавирусот „исчезнал“ кај заразените пациенти.

Професорот Дејвид Патерсон, еден од истражувачите на Универзитетот Квинсленд се надева дека ќе успее да ги поттикне луѓето во поголем број да се вклучат во нивното истражување до крајот на овој месец.

„Станува збор за потенцијално ефективен третман. Пациентите после терапијата повеќе немаа коронавирус во себе. Првиот бран на пациенти кој дојде од Кина, одлично реагираше на тој лек против ХИВ. Тоа што ние го сакаме е клиничко истражување ширум Австралија во кое ќе споредиме како би делувал едниот, како другиот и како би делувале двата лекови во комбинација“, изјави Патерсон.

Според последните информации, во светот денес речиси 170 илјади луѓе се заразени со коронавирус. За прв пат остатокот од светот има поголем број на заразени од Кина, земјата од каде што пандемијата на овој вирус започна на почетокот на оваа година.

Досега како последица на коронавирусот починаа над 6,500 луѓе, а успешно се излекувани над 77 илјади луѓе.

press24.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.