Пендаровски: Нема потреба за воведување вонредна состојба

По завршувањето наседницата свое обраќање имаше претседателот на РМ Стево Пендаровски.

Тој истакна дека треба да им се даде посебно признание на граѓаните на Центар Жупа и Дебар, нагласи и дека е подготвена целосна мобилизација на здравствениот систем.

Пендаровски нагласи дека се уште нема потреба од воведување на вонредна или кризна состојба на територијата на целата држава, но може да се воведе кризна состојба во одредени региони каде што за тоа има потреба.

Претседателот апелираше до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и да не патуваат непотребно и исто така тој упати апел до оние државјани на Република Македонија кои работат во странство да без поголема потреба да не се враќаат во својата земја.

Советот за безбедност ќе ја следи состојбата и ќе се состанува по потреба, нагласи Пендаровски.

🔴ВО ЖИВО | Изјава по Советот за безбедност на која што се разгледуваше состојбата со коронавирусот

🔴ВО ЖИВО | Изјава по Советот за безбедност на која што се разгледуваше состојбата со коронавирусот

Gepostet von Stevo Pendarovski am Montag, 16. März 2020

pres24.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.