Регистрирани нов 21 случај на заразени со новиот коронавирус во Грција, вкупно 352

Во изминатите 24 часа во Грција, регистриран е 21 нов случај на заразен со новиот коронавирусот, со што вкупната бројка на заразени лица се искачи на 352, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот за коронавирусот на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, на денешната редовна прес конференција соопшти дека од потврдените случаи во земјата, за 51 случај е непознато потеклото, односно непознато е како овие лица се заразиле со Ковид – 19.

Хоспитализирани се 65 лица, девет се приклучени на апарати во болници во Атина, Солун и Патра, а десет се пуштени дома.

Од потврдените случаи повеќето се во Атина, 51% се мажи, а до сега се анализирани 4420 примероци.

Извор: Сител телевизија

Leave a Reply

Your email address will not be published.