СЗО повика на засилување на програмите за тестирање за коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земји да ги засилат програмите за тестирање како најдобар начин да ја забават пандемијата на вирусот Ковид-19.

– Имаме едноставна порака за сите земји – тест, тест, тест, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева.

– Без тестирање, случаите не можат да бидат изолирани и синџирот на инфекција нема да биде „разбиен”, додаде тој.

slobodenpecat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.