Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот

Основниот суд Кавадарци денеска донесе пресуда во врска со предлогот на Јавното обвинителство за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи. Донесувањето на пресудата го потврдува и претседателот на Основниот суд Кавадарци, д-р Лазар Нанев, кој го водел предметот.

Инаку, предлогот за издавање казнен налог беше против едно лице обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19. Имено, тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13:00 часот, кога од страна на униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци е направена контрола во неговиот дом во с. Дебриште, Росоман, обвинетиот не бил затекнат во домот и телефонски изјавил дека е на истовар на роба во Струмица.

Јавниот обвинител, согласно Законот за кривичната постапка, му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби“, соопштија денеска од Обвинителството.

akademik.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.