Вкупно 70 заболени од коронавирус- пациентката од Дебар е во критична состојба

Тројца нови заболени до 16 часот се регистрирани во државата, со што бројот на заразени со коронавирус се зголеми на  70. Една од пациентките патувала во Србија, втората е бабата на 4 годишното девојче кое се зарази во градинка во Англија и уште еден пациент од Штип. Критична е состојбата на пациентката од Дебар која беше приклучена на респираторна машина.  информира министерот за здравство Венко Филипче.

„ Просечната возратс на новите заболени е 45 години, тие се од Скопје, Штип, Дебар , Гостивар и Охрид. Сите се од лесна  до средна клиничка слика. За жал пацинетката од Дебар која беше приклучена на респиратор од ноќеска е во многу критична состојба, рече Филипче.

Од денеска се спојуваат двете лаборатории, таа во Институтот з а јавно здравје и кај Жан Митрев каде се исто така валидни тестовите и така ќе се олесни тестирањето, рече Филипче.

Бројот на пациенти секаде во свет се зголемува, ќе расте и кај нас и ние ги подготвуваме и многу лошите сценарија, рече министерот Филипче. Болницата „8 Септември“ уште денес е подготвена да прима пациенти во изолиран дел , за интезнивна нега, операциона сала и за други интервенции. Од утре ќе профункционира и кол ценатрот за сите прашања на граѓаните, како и тоа да се олесни пристапот до телефоните на тие што бараат помош.

Во понеделник ќе започнат да функционираат два пункта во поликлиниките во Чаир и Јане Сндански. каде ќе се закажува телефонски. Филипче нагласи дека сите 200 луѓе кои се во излолација заради екс директорката на Кожна клиника ќе бидат тестирани во понеделник. Досега никој, ниту од нејзиното семејство ниту од нејзините колеги нема симптоми.

Тој соопшти дека набавката на рспираторни машини е запрена во Бразил и дека се прават обиди преку Амбасадата да се интервенира

„Се обидуваме таа бројка на респираторни машини да се ослободи, многу земји ги запреа набавките на респираторни машини. Но имаме оптимистичка вест од денеска и Кина резервира 200 респираторни машини за нас и треба да се формализира како да стигнат и до нашата држава“, рече Филипче.

Тој нагласи дека има 120 респраторните машини на располагање во државата, а светските искуства покажуваат  дека 5 проценти заболените завршуваат на респиратори, односно на 1000 заболени ќе бидат 50 на машина за дишење.

Досега се направени вкупно 888 тестови во лабраторијата за вирусологија на ИЈЗ има 1400 дополнително,  уште 1000 ќе се набават, како и 1000 тестови кои се очекуваат од донација. По 300 тетсови на ден во секое време се на располагање во болницата кај Жан Митрев.

Лекувањето на заболените е асимптоматски, но веќе има информации дека некои лекови за маларија даваат резултати за што ќе се направи дополнителна консултација, рече Филипче. Со матичните лекари кои немаат заштитна опрема во текот на утрешниот ден ќе се оддржи состанок за да се изнајде решение за овој проболем бидејќи тие се приватни и требаше набавката да ја направат сами.

Во јавното здравство има резерва од заштитна опрема која засега е доволна, рече Филипче. Тој нагласи дека со ФЗОМ договориле капитацијата кај овие лекари да не се намалува заради намалениот број на пациенти.

Тој нагласи дека денеска на седница на Влада ќе предлоѓи заострување на мерките, посебно во делови каде што има непочитување за што ќе информира дополнително.

„Затворањето на границата за наши граѓани е потивуставно и не можеме да направиме да им забраниме влез во државата.  Оваа ситуација го смени животот,  луѓето се соочени со страв , тоа е израцинален  страв, но треба да сме свесни дека карантинот е спас за  да се стави крај на борбата со вирусот. Во ова битка учествуваме сите и секој треба да помогне да се надмине оваа кризна ситуација. Мерките не се почитуваат често и на седница на Влада ќе предложам заострување посебно во делови каде има непочитување“, изјави Филипче .

Тој потенцира дека се лиферуваат различни информации на дневна основа, дека треба дас е објавуваат само официјални кои се собираат редовно и точно ја информират јавноста, кога ќе бидат потврдени тестовите.

„Ова не е натпревар за ексклузивитети, нема простор за сензационализам, бојот ќе расте и треба да сме подготвени на тоа“, рече Филипче. Тој денеска одговараше на прашања на новинарите кои неа поставувани преку електронски пат бидејќи прес конференциите нема веќе да бидат со присутво на новинари и сниматели заради безбедност на сите.

novatv.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.