Филипче: Прва жртва на коронавирусот во Македонија- почина жена во Куманово

Филипче најави прес конференција и за 19 часот.

-Во текот на вчерашниот ден пристигна повеќе од 150 прашаља па се обидовме да ги одговоривме, но не успеавме, па затоа денес ќе се обидам да одговорам на сите и со оглед на тоа дека има многу ќе имам уште една прес конференција во 19 часот, рече Филипче.

Тој потврди дека се потврдени нови 29 случаеви и со тоа бројката на заболени се искачи до 114 од кои најмногу се во Скопје.

На Клиника се 24 пациенти од кои 7 се со маски за кислород, а кај шест ќе се зема контролен брис. Пациентклата која беше со влошена здраствена состојба е непроменета и поставена на респираторна машина, а регистриран е и првиот смртен случај.

Се работи за жена од Куманово од 57 години, превземено е се од страна на докторите,но за жал не успеале да ја спасат, рече Филипче.

Двапати е правен тест и покажал негативни резултати, но синоќа бил направен трет и покажал позитивен резултат. Хоспитализиран е и нејзиниот син кој има 33 години и засега е во стабилна состојба.

press24.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.